Не само во зимскиот или летниот период, крушево изминатите години станува туристичка атракција во сите четири сезони.
На одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Наум Наумовски Борче“ и по повод Светскиот ден на туризмот градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски доби благодарница за промоција на Крушево како туристичка дестинација за 4 сезони. Благодарницата се доделува од страна на платформата за развој на туризмот „Фил Крушево“ (Feel Krusevo).
„Изминатите години покажавме дека Крушево може да работи во текот на цела година, а не да биде туристичка дестинација само 3 месеци во годината. Пред нас претстои уште многу работа, но инвестициите во туризмот дадоа силен поттик на локалниот економски развој и привлекување повеќе посетители во Крушево.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.