Со почетокот на учебната година, во средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка во прва година за прв пат се запишаа ученици, кои се дел од дуалното образование и паралелките од средното стручно образвование.
Во оваа учебна година има поголем број на ученици, кои се запишани во средното стручно образование, преку проектот „Учи паметно, работи стручно“. Ова како што беше речено при денешната работна средба во училиштето, се должи на конструктивниот дијалог со локалната самоуправа, стопанските комори и средните училишта.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, која беше во посета на училиштето, рече дека затекнала одлилно опремени кабенети и мотивиран просветен кадар, што е добра основа за овие ученици добијат квалитетно образование.
-Тука имаме дуални паралелки, но во исто време имаме и зголемен број на ученици запишани во средното стручно образование. Од една страна се задржани учениците во оваа општина да останат и да учат, а понатаму да продолжат да работат и да се вработат во компаниите со коишто ова училиште има договор, но од друга страна се подига квалитетот на образованието во општината на тој начин, рече министерката Царовска.
Во прва година во кривопаланечката гиманзија за запишани 145 ученици, од кои 92 во стручни паралелки, а 54 во гимназиските.
-Имаме пет стручни паралелки во прва година, од кои четири од нив ни се запишани ученици во дуално образование, во коишто повеќе акцент е ставен на практичната настава, што ќе се изведува кај работодавач. Имаме меморандуми за соработка со фирми и се надевам дека учениците ќе ужуваат при изведувањето на практичната настава, рече Габриела Стаменкова, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“.
Отворени се дуални паралеки за машински техничар, електротехничар за комјутерска техника и автоматика, угостителски техничар и автомеханичар, како и една стручна паралека за медицински сестри. За медицинската струка е воспоставена соработка со Здравствениот дом на Крива Паланка.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски рече дека во изминатиот период направиле напор заедно со директорката, наставничкиот кадар и сите релавантни субјекти на локално ниво, да се даде нов тек на настаните во воспитно – образовниот процес во средното училиште, што оваа година даде резултат.
-Тој резултат е во разлика од 50 ученици плус запишани во самото средно училиште за разлика од можеби минус 50 ученици коишто го завршија основното образование. Промената е и во тоа што од оваа година кампањата „Учи паметно работи стртучно“, кампањата кое ја спроведува МОН, навистина во Крива Паланка вроди со плод.Имено четирите стручни дуални паралелки и едната стручна медицинска паралелка која за прв пат се отвора во крива Паланка, привлече внимание кај учениците, рече градоначалникот Мицевски, кој се заблагодари на училиштето што годината со онлајн настава ја искористи да да ги реконструира сите простори и да ги опреми кабинетите, што озовможи изведување на дуалната настава.
Во исто време, градоначалникот упати благодарност до локалните компании, кои покажаа подготвеност да соработуваат со училиштето и праксата да се изведува кај нив.
-Во таа насеока, се надевам резултато од овие генерации коишто ќе излезат од воспитно -образовниот процес по завршувањето на средното или високото образование, навистина ќе понудат квалитетен кадар на пазарот на труд, којшто ќе биде конкурентен и ќе може да ги задржиме на овие простори, наместо да мигрираат низ светот или низ Европа, изјави Мицевски.
СОУ „Ѓорче Петров“ со поддршка од Општината Крива Паланка изминатата учебна година кога наставата се изведуваше онлајн, ја искористи просторот да го подготви за новите паралелки од средното стручно образование. Инвестирани се средства, со кои се реконструирани просториите и опремени кабинети, каде во еден дел ќе се изведува практичната настава.