Напредуваат работите на уредување на локалитетот „Бабин Дол“ во Крива Паланка

Омиленото место за прошетка и рекерација на кривопапалнчани, локалитетот „Бабин дол“ деновиве добива нов лик, а просторот засилено се уредува. Се работи на реконструкција на пешачката патека со должина од околу 900 метри, која ја опфаќа трасата од спортскиот комплекс кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“. На оваа локација ќе биде поставено осветлување и ќе се уреди коритото на т.н. Бабин Дол.

Со тоа, популарното шеталиште од градот покрај спортскиот комплекс, се уредовува и спојува со често користената патека кон манстирот „Св.Јоаким Осоговски“.

Уредувањето на локалитетот е дел од прекуграничниот проект „Одржливо користење на културното наследство во Дупница и Крива Паланка “, што се реализира преку ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

Вкупниот буџет за реконструкцијата изнесува 188.485 евра. Изведувач на градежните работи е Цвет компани ДООЕЛ, а изградбата треба да бидат завршена за период од 6 месеци.