Предвидена е реконструкција на улицата Лука Гергов во општина Ѓорче Петров, во вкупна должина од 1648 метри, реконструкција на тротоарот и реконструкција на атмосферската канализација во должина од 33 метри.

Оваа улица е исклучетлно важна сообраќајна артерија на скопкста населба Даме Груев, но истовремено е дел од единствениот пат до населбите Ново Село, Кисела Јабука, Никиштане, Волково и Кучково.

„За таа цел од буџетот на Град Скопје одвоени се 31,3 милиони денари, а рокот на изведба е 9 месеци, но како и со динамиката на работите на преостанатите сообраќајници и брзата работа, очекувам реконструкцијата да биде целосно готова во октомври“, изјави Шилегов.

Улицата Лука Геров се реконструира во рамки на големата градежна офанзива, каде што и оваа година ќе се реконструираат повеќе главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини, кои ќе бидат изведени во рекордно кратки рокови. Реконструираните улици се побезбедни за сите учесници во сообраќајот, го продолжуваат рокот за амортизација на возилата и со тоа им заштедуваат средства на граѓаните.

Шилегов додаде дека вчерашниот почеток на изградбата на клучката кај Момин Поток е дел од големиот проект за изградбата на нов крак на булеварот Словенија, кој е предвидено да е во должина од околу 4 километри и да се поврзе со Волково. Со истиот, како и со изградбата на новиот мост во Карпош 4 на улица Љубљанска, жителите од овој дел на градот би добиле нова сообраќајна алтерантива и поврзување со преостанатиот дел од градот.