(ВИДЕО) „Хероите на градот“ – мурал на скопската пожарна кула

Град Скопје, во рамки на европскиот проект #CreArt, ја заврши изведбата на муралот насловен како „ХЕРОИТЕ НА ГРАДОТ“ во чест на скопските пожарникари, изведен на пожарникарската кула во Автокоманда, на површина од 170 м2.

Муралот е дел од проектната активност „Street art“, во организација на МКЦ.

Авторка на муралот е реномираната уметница Јана Јакимовска, професорка на ликовната академија во Штип. Изработката е направена заедно со уметникот Ненад Тонкин.

Видеото е преземено од Фејбук страницата на Град Скопје.