Ставени во функција новонабавените металки, камиони, автоцистерни, самоподигнувачи и кипери на ЈП Комунална хигиена – Скопје, со што се заменија старите и дотраени возила кои досега беа во употреба.
Со набавката на возилата сега целосно е комплетиран возниот парк на скопското претпријатие
Вкупно 37 возила се на служба на претпријатието, возилата се од марката Iveco и ќе се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите наменети за колективните домаќинства, како и од кантите поделени во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје.