Општина Струмица и денеска продолжи со планираните градежни активности. Во населеното место Попчево извршено е бетонирање на една улица и бетонирани се џеб на улицата „Пиринска“ и џеб на улицата „Димитар Влахов“ во градот.

Во наредните денови ќе се продолжи со планираните актовности согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица за 2017 година.