Во организација на Здружанието за локална демократија  „Центар на заедицата на општина Струмица“,  во Домот на АРМ се одржа обука за користење на законските механизми за учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

Граѓаните и граѓанските активисти беа запознати со процесот на децентрализација и надлежностите на единиците на локалната самоуправа, како и со механизмите: граѓанска иницијатива, собир на граѓани, референдум и донесување претставки и предлози до општинската администрација. Целта на обуката беше, охрабрување на граѓаните и граѓанските организации за поднесување граѓански иницијативи за прашања од интерес на локалната заедница. Обуката се одржа со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.