Заради заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари (стаорци), Општина Штип утре ќе спроведе превентивна дератизација на канализационите шахти на територијата на општината, преку овластена фирма, со цел уништување на глодарите.

Дератизацијата како што информираат од општината, ќе се врши во периодот од 18:00 до 23:30 часот и ќе бидат опфатени 160 канализациони шахти.

-Третирањето ќе се изведува со препаратот ДЕРАТИОН ПАРАФИНАТО со активна
супстанца 3-[3-[4-(4-(Bromophenyl)phenyl]-3-hydroxy-1-phenylpropyl]-2-hydroxychromen-4-one, информираат од општината.

Во случај на неповолни временски услови (дожд и др.) дератизацијата се одложува
за следниот поволен ден.

Воедно, се известуваат сите граѓани во општина Штип за внимателно учество во
сообраќајот.

За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во
Општина Штип : 032/22 66 22