Апел од општина Штип до граѓаните да не палат оган на отворено

Во источниот регион деновиве изгореа околу 220 хектари борова и дабова шума. Oд општина Штип на прес конференција истакнаа дека поради сушниот период, палењето на стрништата во штипскиот регион се случија неколку пожари, меѓу кои и кај воениот полигон Пенуш, каде што изгореа 50 хектари дабова шума и ниска трева.

– Поголемиот дел од пожарите според вработените во нашата Територијална противпожарна единица се подметнати од несовесни граѓани, а дел се резултат и на невнимателност, а за да можеме успешно да ги превенираме пожарите и да спречиме поголеми последици апелираме до граѓаните да внимаваат на отворено – изјавија од Општината.

Оттау додадоа дека во текот на наредниот период престојат празници, кога граѓаните излегуваат на излети во природа и ги палат скарите. Затоа, се надеваат дека граѓаните ќе го сфатат апелот добронамерно и заеднички ќе помогнат оваа пролет и лето да има помалку пожари на отворено.