На улицата Кемал Сејфула во Чаир продолжува поставувањето рефлектирачки заштитни столпчиња за физичко издвојување на новата вело патека и стеснување на просторот за автомобилите од двете страни на улицата.


Рефлектирачките заштитни столпчиња овозможуваат подобра видливост и ја зголемуваат безбедноста на велосипедистите.


По завршување на овие активности на улицата Кемал Сејфула, поставувањето рефлектирачки заштитни столпчиња ќе продолжи и во наредниот период во насока од улица Втора Македонска Бригада кон булеварот Босна и Херцеговина.