Во 1983 година се отвора првата пешачка зона во Скопје. Со затворањето на големото паркиралиште на плоштадот, како и камениот мост за автомобилски сообраќај, центарот на градот конечно се отвора за “заборавениот” пешак.
Во прилогот снимен во 1983 година, може да се слушнат мислењата на граѓаните, решенијата на градските институции, и целокупното јавно мислење за сообраќајната култура која владеела тогаш.