Предупредувањето од УХМР вели дека денеска и утре не очекуваат врнежи од снег. Актуелното предупредување вели дека не очекува облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, поообилни попладне и во ноќните часови, особено во југозападните делови.

„До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и понекаде во југозападните делови таа ќе изнесува над 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието“, соопштуваат од УХМР.

Токму поради најавата на УХМР за врнежи од снег, градските власти се подготвени да го пречекаат. Со што се врши превентивна интервенција на критичните точки во градот.

„Зимската служба на Град Скопје врши превентивна интервенција на критичните точки и мостовите во градот, заради најавените врнежи од снег и ниските температури“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.