Неделава започнаа  градежните работи за санација и реконструкција на ,,Саат кулата”,конзервација на ,,Турската бања” и пристапни патеки до истите.
„Со прекугранична соработка со општина Невестино од Р.Бугарија имавме аплицирано и добивме проект за реконструкција на Турската бања ,Саат кулата, пристапни патеки како и партерно и холтикултурно уредување околу нив. Активностите започнаа и се надеваме дека сите овие активности ќе бидат реализирани до почетокот на туристичката сезона идната година,“  смета Ангов.
Општина Дојран добива можност за  подигнување на туризмот на едно повисоко ниво, со содржини кои што ќе можат да се посетуваат и ќе придонесат за попријатен престој на туристите, велат од локалната самоуправа.

Проектот е финансиран од ЕУ фондовите.