Донаторски настан на највисоко ниво за прв пат се одржа за ,,Подобрување на еколошката состојба на споменикот на природата Дојранското Езеро”

Организатори на настанот беа Општина Дојран и Милиеуконтакт која е стратешки и долгорочен партнер на општината, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање. Настанот се одржа во просториите на министерство а на истиот присуствуваше и амбасадорот на Словенечка  во Македонија, Милан Предан, од Швајцарска Амбасада и претставници од Европска делегација.

Од страна на Општина Дојран и Милиеуконтакт беше презентирана еколошката состојба на Дојранското езеро, начините на кој може да се подобри еколошката состојба како и конкретните проекти кој треба да се реализираат во следниот период.

“Како најгорлив и децениски проблем е состојбата со прочистителната станица и колекторскиот систем, во периодот кој следи ќе имаме реконструкција на колекторскиот систем но и нова, модерна прочистителна станица за кои се обезбедени средства од Владата на РСМ и Министерството за животна средина, “ информираше градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов.