Секторот за урбанизам на Општина Штип известува дека ќе се одржи повторна јавна анкета и јавна презентација за прелог-план ДУП за дел од УЕ 97, м.в.„Плуждино“ и м.в.„Горни Бунари“, КО Штип, Штип. Опфатот е со површина од 12,7 хектари.

Повторната јавна анкета и јавна презентација ќе трае пет работни дена, започнувајќи три дена од денот на објавувањето на соопштението во јавните гласила, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот. Во споменатиот рок можете да доставите писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Повторната јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 3 ноември 2020 година во 12.30 часот во просториите на Општина Штип.