Со средства од буџетот на Општина Штип започна уредувањето на тротоарските површини, како и површините пред станбените згради на улицата Христијан Карпош во централното градско подрачје.

Како што истакна пред новинарите градоначалникот Иван Јорданов повеќе од 40 години не бил воопшто истретиран овој дел од градот, меѓу жителите попознат како црвени и зелени кули.

  • Се поставуваат павер елементи, но ќе се уредува и делот кој што ги поврзува улиците “Славчо Стојменски” и “Христијан Карпош”. Повеќе од 40-50 години овој дел не бил истретиран а е барање и потреба на жителите не само на околните згради туку и на минувачите затоа што е централно градско подрачје, нагласува Јорданов.

Додава дека на овој начин со завршување на градежните активности на овој потег ќе се урбанизира и модернизира просторот, но и ќе се зголеми паркинг површината, со оглед на тоа што еден од најголемите проблеми во овој дел од градот е паркирањето на возилата.

Вкупната инвестиција за реализација на проектот е нешто повеќе од еден милион денари од буџетот на Општина Штип, а според Јорданов истиот се очекува да биде завршен во текот на наредните денови.