Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, заедно со раководителката на секторот за образование, лер и јавни дејности на Општина Штип, Билјана Казанџиска и директорот на ООУ „Гоце Делчев“ Штип, Трајче Димов, остварија средба со директорот на Ромскиот образовен фонд, Реџепали Чупи и претставници од две невладини организации.
На средбата се разговараше за состојбата со пандемијата во општина Штип и за положбата на Ромите и искористувањето на фондовите со цел за нивно помагање во образовниот процес.
Беа доделени 43 таблети на децата од основното образование кои ќе ги користат до крајот на август, а потоа ќе бидат вратени во училиштето за потребите на други ученици. Овие таблети ќе помогнат децата од основното училиште да ги имаат основните услови за следење на наставата од дома, во услови на пандемија, а со тоа и заштита на здравјето на децата.
Градоначалникот Бочварски и директорот Чупи истакнаа дека оваа соработка е многу значајна и е од корист на децата во основното образование.
„Секој треба да ги има основните услови за следење на наставата и во вакви услуги,“ истакна градоначалникот Бочварски.
Директорот Димов нагласи дека е благодарен на Општина Штип и на Ромскиот образовен фонд за оваа донација со што се помага образованието да тече и во услови на пандемија.
Освен овие 43 таблети во ООУ „Гоце Делчев“, дополнително ќе бидат доделени околу 20 таблети во средното училиште „Коле Нехтенин“.