Околу еден милион општински средства оваа година ќе бидат наменети за поддршка на Ф.К Карбинци, кој за прв пат по пет години се натпреварува во третата фудбалска лига. Овие средства, вели градоначалникот, Јордан Насев , ќе бидат искористени во правец на зајакнување на клубот, како и негово позиционирање меѓу првите пет екипи на табелата.

„Со програмата за спорт за 2021, општина Карбинци предвиде некаде околу еден милион денари поддршка за општинскиот Ф.К карбинци којшто за прв пат по пет години се натпреварува во третата Фудбалска лига. Моментално ,есенскиот дел  го завршивме на средината на табелата. Нашите приоритети и цели во пролетниот дел ќе биде да зајакнеме со неколку играчи, да ја зајакнема тренерската клупа, односно управата, да го средиме теренот на стадионот и секако да се пласираме меѓу првите 5-6 екипи во пролетниот дел,“вели карбинскиот градоначалник Јордан Насев.