Каменичани добиваат нов простор за спорт и рекреација, преку ууредувањередување на внатрешните простории од градската теретана во склоп на Куќата на спортот во Македонска Каменица.
Во текот на наредните денови, покрај редовната дезинфекција на просториите во Куќата на спортот, ќе се воспостави и посебен режим за престој и користење на теретаната, пропишан според според протоколите и мерките за заштита од Ковид 19. Со ова, повторно се обезбедуваат неопходните услови за спорт и рекреација на граѓаните на Македонска Каменица и дополнителен простор за летните подготвителни активности на спортските клубови, соопштуваат од Општина Македонска Каменица.