Невремето кое што во средата ја зафати општина Карбинци, однесе и дел од локалниот пат за селото Кучица.

Општина Карбинци формираше  координативно тело за увид на јавните површини погодени од невремето и санација на штетите.
Со цел за нормализирање на состојбата на улиците и нормално движење на жителите  се изврши санација на штетата на локалниот пат.

Од општината информираа дека нанесената штета од невремето на локалниот пат за Кучица е голема.


Мораше итно да се интервенира ,по што се изврши времено санирање на најкритичните места од патот,имајќи во предвид дека ова е единствен влез и излез за жителите на Кучица, информираше  градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.