Пензионери од Штип, Карбинци и Лозово читаа поезија и се дружеа на локалитетот „Баргала“.

„Денес ја имав честа да присуствувам и да ги поздравам пензионерите кои на територија на општина Карбинци , кај локалитетот Баргала ја одржаа втората средба на пензионерите, дел од проектот „Пензионерски поетски средби”, рече градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев, домаќин на оваа пензионерска поетска средба.

Средбата беше во организација на Здружение на пензионери Штип и Карбинци и гости Здружение на пензионери од Лозово. За време на средбата се рецитираа авторски поетски творби на пензионерите кои беа придружувани со музички инструменти.