За изградба на браната на река Отиња, годинава ќе има околу 13 милиони денари. Поради кризата со пандемијата но и поради процедурите кои треба да се запазат со забелешките на ИЗИС за проектот, а потоа и постапката за добивање градежна дозвола, овие средства ќе бидат доболни годинава да почнат градежните работи и фирмата која ќе биде избрана на тендерска постапка да биде воведена во работа.

Градоначалникот Бочварски смета дека браната на река отиња треба да се гради и во вакви тешки времиња.

Бидејќи ова е многу сериозен објект, Бочварски вели дека е нормално да постојат забелешки, по чие решавање ќе аплицираат за издавање градежно одобрение.