Десетина куќи во населбата долна железничка ќе бидат приклучени кон градската канализациона мрежа. Инвестицијата чини околу 750 илјади денари, а канализационата мрежа ќе биде 400 метри.
„Увидовме еден доста сериозен проблем, недозволив во 21 век, да граѓаните сеуште немаат каназлизационен систем до своите домови. По создавањето на добри временски услови, започнавме со реализација на овој проект кој значи живот за овие граѓани овде“, – рече градоначалникот Бочварски.
Тој истакна дека е задоволен од комуникацијата со граѓаните и дека општината е поставена во нивна служба и за решавање на нивните проблеми.
Оваа недела беше завршена и реконструкцијата на детската градинка Цветови во населба 8 ноември, која беше со финансиски средства од јапонската амбасада и општината. Градинката која има 159 дечиња во дневен престој, сега има заменети прозори, нов систем за греење и нова опрема.
По 35 години од изградбата, беше реконструирана и спортската сала во средното медицинско училиште Јане Сандански. Со општински пари училиштето доби нов под, девет комплетно опремени интерактивни училници, смарт табли и компјутери.