Владата донесе одлука спортската сала и другите спортски објекти да и бидат вратени на општина Куманово

Претходно и локалната власт информираше дека општината ќе си ги врати под управување градскиот стадион, стрелиштето, спортската сала и комплексот Соколана.

Првично беше вратен под владение спортскиот комлекс Соколана. Општината ќе има обврска да ги заштити овие објекти, да подготви планови за реконструкција. Претходно Куманово одвои два милиони денари за изработка на проект за спортската сала, но ќе се бараат дополнителни средства од Владата за реконструкција.

Кумановскиот градоначалник најави дека не ја исклучува можноста за јавно-приватно партнерство и најави дека дивоизградените објекти околу спортските комплекси ќе бидат отстранети.