Радовишки специјалитети наградени на фестивалот во Баница

Здружението на жени „Деница“ ја освои наградата „Слатки искушенија“ на Првиот кулинарски фестивал во селото Баница, Република Бугарија, што се одржува за време на празникот на селото, Мала Богородица.

На фестивалот, кој се одржа под мотото: „Споделуваме вкусови – го споделуваме духот на пријателството“, „Деница“ се претстави со традиционални радовишки специјалитети.

Покрај домашните гастрономски специјалитети од Беласица, Пирин и од Родопите, гостите имаа можност да ги вкусат и традиционалните јадења од југоисточниот регион на Република Македонија, приготвени од здруженијата на жени од Радовиш, Конче, Дојран и од Ново Село.