По 13. пат летен камп на Црвениот крст во Виница

По 13. пат во Виница се организира летен камп за промоција на хуманите вредоности  на кој учествуваат околу 60 волонтери од повеќе општини од земјата – Виница, Куманово, Битола, Велес, Охрид.

Ќе има сесии, работилници, предавања што ќе се реализираат овие три дена, како и другарување и забава.

На почетокот на кампот, учесниците ги поздравија градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, и секретарот на Општинската организација на Црвениот крст на Виница, Кирил Цоневски.

Кампот и годинава се одржува во училиштниот двор во виничкото село Лаки.