Повеќе од 11.000 посетители се очекува да присуствуваат на мото собирот, што почнува утревечер во Свети Николе во организација на Мото Клуб Свети Николе МЦЦ.
Клубот е домаќин на моторџии од 13 европски земји, со над 2000 мотори. Собирот започнува со традиционалните бајкерски игри, влечење јаже, буткање на рака, а во музичкиот дел, главен настап има групата „Ареа“. Во сабота од 22 часот на мото собирот ќе настапи српската рок група „Кербер“.
Настанот, што се одржува во новиот парк на ридот Свети Илија, е поддржан од Општина Свети Николе.
Повеќе информации можете да дознаете овде.
Еве како си поминавме минатата година: