Виничкото јавно комунално претпријатие „Солидарност“ деновиве доби нов мини-багер вреден 29.000 евра. Машината е донација од Амбасадата на Јапонија.
Багерот располага и со хидрауличен чекан, со што се очекува значително да и’ се олесни работата на градежната група на ЈКП „Солидарност“.