Информации за тековни инфраструктурни проекти
Денеска, 07.08.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, преку изјава за медиуми ќе ја информира јавноста за сите тековни инфраструктурни проекти кои се реализираат во моментов на територија на општина Штип. Изјавата за медиуми ќе биде во сала 2 на Совет на Општина Штип, со почеток во 11:30 часот.

Одбележување на денот на смртта на народниот херој Генерал Михајло Апостолски
Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи на боречките традиции за општините Штип и Карбинци со седиште во Штип, организираат одбележување на 07.08.2018 година, денот на смртта на народниот херој Михајло Апостолски. Одбележувањето ќе се изврши во Алејата на народните херои во центарот на градот со почеток во 10:00 часот

Редовна месечна дезинсекција
На ден 08.08.2018 год. (среда наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 02 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Третирањето ќе се изведува со препаратот Ауродил Супер ПБ со активна супстанца permethrin, d-allethrin-адултицид и со препаратот BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)-11-methoxy-3,7,11-Trimethyl-ларвицид.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
• Реконструкција на мал плоштад кај пензионерски дом
• Изградба на крак на ул. „Сане Георгиев“
• Изградба на игралиште во Блок 70
• Чистење на депонија кај градски пазар
• Замена на улични светилки во градот
Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:
• На ул. „Радански Пат“ санирање дефект на водоводна линија
• Ул. „Борис Кидрич“ санирање дефект на водоводна линија
• Ул. „Кирил Пејчиновиќ“ санирање дефект на водоводна линија
• Изведба на нова линија за фекална канализација во населба Баби на ул. „Лески“
• Канализација – разни локации во градот

Работната единица Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:
• Косење трева покрај Текстилно училиште
• Косење трева на спортски терен во населба Суитлак
• Косење трева покрај улица „Гоце Делчев“
• Тековно одржување паркови површини