Трета седница на Совет на млади на Општина Штип

Денеска ќе се одржи трета седница на Совет на млади на Општина Штип во сала 2 со почеток во 11:30 ч.

Дневни активности на јавни претпријатија

Денеска ЈП „Стипион 2011“ продолжува со работата за уредување на малиот плоштад кај пензионерски дом, како и бетонирање на крак на ул. „Косовска“ и крстосницата кај „Мал одмор“.

Патронат на ООУ „Димитар Влахов“
Денеска ООУ „Димитар Влахов“ ќе го одбележи својот патронен празник со почеток во 18:00 ч.

Соопштение за работно време за Велигденските празници 2018 г.
Согласно Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, за време на Велигденските празници на сите угостителски објекти им се продолжува работното време за два часа во деновите:
• 06.04.2018 година (петок) до 02,00 часот;
• 07.04.2018 година (сабота) до 03,00 часот;
• 08.04.2018 година (недела) до 03,00 часот.
На угостителските објекти кои се наоѓаат во колективни станбени згради, работното време им се продолжува за само еден час.