Општина Струмица, на 11- јануари во Заводот за трансфузиона медицина ја спроведе 22-та крводарителска акција. Ваквата акција, традиционално се реализира по повод новогодишно – божиќните празници.
Според одзивот, општинската администрација со ова ја потврди својата хуманост и солидарност во спасување на нечиј човечки живот. Општина Струмица оваа крводарителската акција ја реализира во соработка со Црвениот крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина. Покрај вработените во општинската администрација, во акцијата можат да се вклучат и граѓаните кои сакаат да даруваат од својата драгоцена течност за да спасат нечиј човечки живот.