Општински пари за образовни асистенти – Струмица објави јавен повик

Општина Струмица на 7 август го објави Јавниот повик за времен ангажман на евидентирани невработени лица за вклучување во проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес во основно образование“.

На Јавниот повик, кој ќе биде отворен до 21 август 2023 година, можат да се пријават сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во овој проект. Селектираните кандидати ќе бидат работно ангажирање како лични асистенти на ученици со попреченост, кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територијата на Општина Струмица во учебната 2023/2024 година.

-Како прва Општина во државата која започна со ангажирање на лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес, продолжуваме со грижата за овие ученици и во новата учебна година, кажа градоначалникот Костадин Костадинов.

Повеќе информации за повикот на овој линк.