Во организација на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ и граѓани поддржувачи – Струмица и Општинската организација на резервните воени старешини на РМ – Струмица, денес беше одбележана 73 – годишнината од Мајската офанзива.

Во рамките на одбележувањето, во Домот на АРМ, предавање на тема „Војната за природни стратегиски ресурси“ одржа проф. д-р Гоце Георгиев, а потоа на местото каде што се одвивала Мајската офанзива, кај месноста „Варници“, беше одржана пригодна програма и положено свежо цвеќе пред Спомен костурницата. На одбележувањето, меѓу другите присуствуваа и преживеани борци од неколку македонски градови, кои биле учесници во Мајската офанзива.

Како и секоја година, така и овој пат, одбележувањето беше поддржано од Општина Струмица.