Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ заедно со уште осум европски универзитети ќе формираат единствен правен субјект – еден вид на заедничко тело, најверојатно со седиште во Брисел.
Целта здружување на потенцијалот и ресурсите на универзитетите, но и унифицирање на стекнатите дипломи и знаење, кои ќе бидат повисоко рангирани кога ќе доаѓаат од таква алијанса на универзитети од повеќе држави.
Денеска во ректоратот на штипскиот универзитет се сретнаа сите деветмина ректори од европската алијанса на универзитети ACE2EU.
„Тука се сите ректори од деветте партнерски универзитети. Во моментот ги разговараме оперативните организациони активности, околу формирањето на заедничкото правно лице, односно дефинирање на статутот на тоа правно лице, до потпишување на договорите за формирање на правното лице, како и придружните документи од аспект на лични податоци, заштита на личните податоци, органиација на сите активности, кои што се потребни за да се реализира и профункционира правното лице во иднина. Истовремено се разговара како што кажав на повеќе активности, организација студиски програми, ќе почнеме најверојатно со докторски студии во областа на здравството, пред се мобилности, начинот на размена на подобрување на мобилностите и на студентите и на персоналот“ – вели ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, Проф. д-р Дејан Мираковски.
На европскиот континент постојат вкупно 64 универзитетски алијанси, а штипскиот универзитет е ко-основач на ACE2EU. Според ректорите од другите европски универзитети, ова е одлична можност за унапредување на развојот на самите универзитети.
„Креирањето на европските универзитетски алијанси претставува додадена вредност во рамките на европската унија. Досега има 64 европски алијанси и особео постои голем интерес за применетите науки. Преку конструрирање на овој заеднички интитет ние даваме кохезија, ги слотуваме нашите ресурси, се со цел направиме нешто повеќе и што ќе виде позначајно во рамките на високото образование“– вели Лина Герецкена, ректор на универзитетот од Рига, Латвија.
Меѓународната соработка на универзитетите е клучна во нивниот развој. Студентската размена, научната соработка и размената на кадри се клучни алки од успешноста на еден универзитет, но и на целокупното високо образование на една земја.




