Здружението на инвалиди на трудот Штип денеска поделија пакетчиња на децата во Дневниот центар за деца со аутизам во населбата Пребег во Штип. Лидија Џамбазова – Јанкова дипломиран инженер технолог од Здружението на инвалиди на трудот –Штип вели дека целта е да се внесе радост, насмевки и топлина за време на празниците кај сите дечиња.

-Денес ние членките на актив на жени при Здружение на инвалиди на трудот Штип сме во посета на Дневниот центар за деца со аутизам, да им подариме пакетчиња и да им посакаме среќни празници. Нека Новата година им донесе многу насмевки, разбирање и прифаќање бидејќи секое дете без разлика на неговата различност и посебност ја заслужува нашата посебност и внимание, вели Џамбазова – Јанкова.

Пред нешто помалку од еден недела Здружението на инвалиди на трудот во Штип поделија новогодишни пакетчиња на дечињата кои беа хоспитализирани на детското одделение при штипската Клиничка болница.