Општина Штип започна со уредување на тротоарските површини на улицата Загребачка во населбата Дузлак. Во рамки на овој зафат ќе се постават павер елементи на вкупна површина од 630 м², а инвестицијата изнесува нешто над половина милион денари.

Градоначалникот Иван Јорданов информираше дека овој проект е дел од поширока програма за подобрување на урбаната инфраструктура и дека се работи етапно на повеќе улици низ градот.

„Ова е само дел од активностите кои ги преземаме. Веќе 10-тина улици се опфатени, а приоритетите ги утврдуваме според барањата на граѓаните и финансиските можности на општината“, изјави Јорданов.