Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Пиринска“ во Штип, со замена на азбестните цевки поставени пред 60 години, кога се граделе првите куќи. Зафатот е по должината на улицата од 450 метри, при што ќе бидат заменети цевките за над 100 приклучоци.
-Тука вклучува главна водоводна линија Ф110, полиетиленска цевка која долгорочно ќе го реши проблемот за водоснабдувањето. Овде ќе има повеќе од 100 приклучоци, изјави директорот на Исар, Александар Арсовски.
Оваа прва фаза ќе чини 2,3 милиони денари, по што, по замената на цевките, ќе се реконструираат тротоарите и поставување на нов слој на асфалт. Реконструкцијата на „Пиринска“ ќе чини 6 милиони денари.
-Жителите на оваа улица сведочат дека со годините наназад најчестите дефекти на водоводната мрежа се случувале токму на улица Пиринска. ЈП Исар досега многупати досега инсистирале да биде заменета оваа азбестна мрежа која е штетна и по здравјето. Повеќе од 2,3 милиони денари се одвоени за прва фаза, реконструкција на водоводната мрежа, а потоа ќе се навлезе и со целосна реконструкција на улицата, рече градоначалникот Иван Јорданов.