Општина Штип, мрежата за рурален развој и извидничкиот одред ЛАК Плачковица потпишаа меморандум за соработка за адаптирање на простор во штипското село Селце за подобрување на условите на децата кои одат на училиште.
Се предвидува да биде реконструирана зграда наменета за училиште, во која ќе има и простории за извидници, како и простории за творење на децата.
- Во прва фаза е адаптирање на простор во селото Селце, еден простор којшто во годините наназад беше запуштен, руиниран. Ќе овозможиме подобрување на постоечката инфраструктура, достапност до руралните средини и едукација на млади генерации“ – вели Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
- Станува збор за една иницијатива која ќе рекоструира објект кој ќе биде наменет за едукација на пред се деца и млади. Секако, со поддршка на УСАИД, ние сме грантисти но и соработници со програмта развојна заедница. Ќе се обидеме да воспоставиме еден објект, кој ќе биде на располагање на децата и младите“ – вело Дарко Тошиќ, старешина на извиндички одред Еквинокс.
- Фокусот ни е веќе насочен уште на самиот почеток кога започна оваа програма. Тука се покриени 18 општини во Источниот регион, серевоисточниот и југоисточниот регион. Вклучени се пет партнери. Фокусот е што повеќе да се мобилизира сите партнери, оштините, граѓанскиот сектор, бизнисот. Даа се мобилизираат ресурси од сите партнери, не само од програмата. Движечката сила се општините“ – вели Петар Ѓорѓиевски, Мрежа за рурален развој.
Ова е трета ваква инцијатива во Општина Штип, а деветта на територијата на ЛАК Плачковица, поточно на територијата на општините од плачковичкиот регион – во општините Штип, Карбинци, Конче и Радовиш.