Почна уредувањето на тротоарите во штипската приградска населба Стар Караорман, покрај регионалниот пат Штип – Карбинци.

Според зборовите на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на овој начин се очекува да се обезбеди поголема безбедност во движењето на пешаците како и на учениците до училиштето.

За изградбата на тртоарите се издвоени повеќе од еден милион денари од буџетот на општината.

Градоначалникот Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше дека станува збор за тротоарите покрај патот кој ги поврзува општините Штип и Карбинци.

  • Во населбата Стар Караорман почнуваат активности за уредување на тротоарски површини на влезот од самата населба. Практично на долниот крај, долниот дел од населбата е поврзување со училиштето од истата населба и обезбедување на пешачка патека, која што ќе ја користат не само учениците кои што минуваат, туку и жителите од населбата Стар Караорман, рече Јорданов.

Според најавите од градоначалникот Јорданов, по изградбата на тротоарите, ќе почне и реконструкцијата на локалниот пат за што Јавното претпријатие за државни патишта за реконструкција на патот има предвидено 30 милиони денари.