Се асфалтира паркингот меѓу улиците „5-ти Конгрес“, „Солидарност“ и „Браќа Даневи“ во штипската населба Автокоманда. Станува збор за паркинг простор кој е нешто повеќе од 1000м2, а оставен е простор и за зеленило.

– Вкупниот износ на финансиски средства од буџетот на општината е еден милион денари. Знаете дека овој дел од населбата во минатото беше запоставен, па веднаш по асфалтирањето на оваа површина која ќе биде искористена за паркирање на возилата на жителите од околните згради, просторот ќе биде осветлен, рече градоначалникот Јорданов кој беше на лице место.

Тој по завршувањето на асфалтирањето на паркингот, очекува да се продолжи со асфалтирање на овие три улици опфатени со проект од Светска банка.