Екстремно високите температури во последните неколку дена но и нерационалното трошење на водата предизвика недостаток на истата за домаќинствата на територијата на Општина Штип. Од ЈП „Исар“ –Штип, упатија апел до граѓаните рационално да ја користат водата за пиење, да не наводнуваат тревници и градини.
- Ние како јавно претпријатие, благодарејќи на начинот на кој го водоснабдуваме градот т.е со водоснабдување од Хидросистемот „Злетовица“ и Филтер станицата која врши хемиски и физичка обработка на водата,испорачуваме и сме во можност да испорачуваме голема количина на вода. Меѓутоа станува збор за третирана вода која ние како јавно претпријатие трошиме средства, за да ја хемиски и физички третираме за да биде пивка, изјави директорот на ЈП Исар – Кирил Зајков.
Тој истакна дека нема недостиг на вода, но забележа дека доколку водата се користи за дворните места, дел од улиците во Штип во повисоките зони можат да се соочат и со послаб притисок.
- Апелираме до граѓаните дека во овие денови, кога температурите се високи, првенствено водата да се користи за намената за која служи, односно да не ја користеме за наводнување на земјоделски површини,вели Зајков.
Максималната потрошувачка во споредба со изминатата година измерена во попладневните часови е и над 200 литри во секунда.