Дел од жителите на улицата “Сремски фронт” во текот на наредниот период, после 30 години конечно добиваат пристапна улица до своите станбени објекти.

Веќе се работи на трасирање и припрема за бетонирање на пристапна улица до дел од станбените згради, кои се до сега беа тешко пристапни. Истото се врши по барање на жителите и според градоначалникот Иван Јорданов во најголема мера ќе им биде од полза на истите.

  • Со годините наназад жителите имаа потешкотии со пристапот и со внесувањето на покуќнина и на огревно дрво до нивните станбени згради. Ја слушнавме нивната потреба и нивното барање и согласно со програмата за уредување се започнува со работа и очекувам во наредните денови да биде завршена оваа пристапна улица, рече градоначалникот Јорданов.

Паралелно на оваа активност за која од буџетот на општината ќе бидат издвоени некаде околу половина милион денари, Јорданов најави и уредување на останатите делови од предстанбениот простор на овие згради.

  • Исто така ќе се уредуваат и другите делови од предстанбените згради со поставување урбана опрема, со поправка и одржување тековно на скалниците на пристапните влезови со што од ден на ден ќе ги задоволуваме се повеќе потребите на граѓаните, истакна Јорданов.

Најави дека во втора фаза од тековниот проект, во план е асфалтирање и на веќепостоечкиот пристап кој веќе е изамортизиран од досегашното долгогодишно користење.