Струмица станува првиот град на Балканот со целосно електрифициран јавен превоз

Новата учебна година во Струмица се очекува да почне со нови пет електрични автобуси со кои ќе се одвива превозот на учениците. Но, не само за учениците. Новите автобуси, за кои беше потпишан договорот за набавка, ќе послужат за јавен превоз низ Струмица и населените места.

Пензионерите ќе се возат бесплатно.

Според склучениот договор меѓу Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица транспорт“ од Струмица „Аутомакедонија“ АД Скопје, во септември ќе пристигнат првите пет автобуси. Останатите пет се очекува да бидат доставени за период од 18 месеци од склучувањето на договорот.

Се работи за набавка на електрични автобуси со батерии со капацитет за 47 патници. Автобустите се набавуват на лизинг, а вкупната вредност на набавката е 430 милиони денари.
Со набавката, како што соопшти градоначалникот Костадин Костадинов, Струмица станува прв град на Балканот со целосно електрифициран градски превоз.