Градот под Исарот и годинава на својствен начин го одбележа празникот помеѓу народот познат како Младенци, продолжувајќи го деценискиот обичај “Четрсе” кој денес е влезен и на листата на светско нематеријално богатство на УНЕСКО.

На овој ден штипјани, но и гости од цела држава го продолжуваат обичајот со искачување на тврдината Исар, собирање каменчиња, и поздравување со 40 луѓе. Денеска се е во знакот на бројот 40.

  • И годинава продолжи негувањето на вековната традиција во Штип искачување на тврдината Исар, во рамки на одбележување на обичајот „Четрсе“. Обврска која треба да исполниме е да го сочуваме, но и промовираме културното наследство на градот Штип, истакна денеска градоначалникот, Иван Јорданов.

Она кое што е наша обврска е дека мора да ја продолжиме традицијата и да го сочуваме, но и да го промовираме, затоа што не само ова Штип има богато културно наследство кое се надевам дека со годините кои престојат ќе го искористиме  во насока на развој на туризмот и подигање на потенцијалот којшто го имаме какко град, истакна Јорданов.

На Исарот се искачија и пратениците во македонското Собрание, Никола Мицевски и Драган Ковачки.

  • Ден за традиција, а тоа беше потврдено и од Министерството за култура, оти е дел од УНЕСКО како нематеријалното културно наследство. Ова за нас е и обврска за да ја чуваме и негуваме традицијата, рече Мицевски.

Средношколците од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ во рамки на проектните активности за странски јазици, подготвија летоци кои ги поделија на случајни минувачи, со што се потенцираше значењето на денешниот празник и почитувањето на обичајот „Четрсе“.