Работна средба со работодавачи

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска ќе остварат затворена работна средба со работодавачи и претставници на бизнис заедницата од Штип во мала сала во хотел „Оаза“ со цел промоција на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 г.

Во 12:50 ч. ќе има заедничка изјава за медиуми на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Штип, Благoј Бочварски.

Манифестација „Шарено велигденско јајце“

Денеска ќе се одржи манифестацијата „Шарено велигденско јајце“, каде ќе се доделат награди на најубав декориран штанд од основните училишта и од детските градинки.

Наградите ќе бидат обезбедени од страна на Домот на културата „Ацо Шопов“. Манифестацијата ќе се одржи во фоајето на Домот на културата и ќе започне во 12 часот.

Секое основно училиште и детска градинка ќе има сопствен штанд кој ќе биде декориран и на него ќе бидат поставени велигденските јајца.

ВЧЕРА (04.04.2018)

Патронат на ООУ „Димитар Влахов“ Штип
Вчера се одржа патронат на општинското основното училиште „Димитар Влахов“ Штип.

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Тековни активности на јавните претпријатија
Денеска, 05.04.2018 г., ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на реконструкција на крстосницата кај ресторан Мал одмор и платото позади градскиот плоштад.