Согласно програмата за уредување на градежно земјиште, започна реконструкцијата на тротоарските површини на ул “Еврејска” која е втора во низата улици кои ќе се третираат во текот на наредниот период во месноста наречена Бело брдо.

Како што нагласи градоначалникот Иван Јорданов станува збор за инвестиција вредна 1,3 милиони денари од Буџетот на Општина Штип, а паралелно со оваа улица во истата населба веќе извесен период се работи и на целосна реконструкција на ул “11 Октомври”.

  • Очекувам наредните две недели овде да се работи на поставување на павер елементи, а паралелно во оваа неселба се работи и на комплетна реконструкција на улицата 11 Олтомври, истакна Јорданов.

Со создавањето на поволни временски услови за работа во текот на наредните месеци, како што најави Јорданов ќе се отпочне со третирање и со работа и на другите улици од месноста Бело брдо како и населбата Леваци, во која според него не е инвестирано повеќе од 40 години.