Општина Куманово најавува нови мерни станици за контрола на квалитетот на воздухот

Во тек е јавна набавка, преку кој Општина Куманово набавува повеќе мобилни станици за мерење на квалитетот на воздухот. Новите мерни станици, како што очекуваат од општината,  ќе обезбедат детални дневни податоци за аерозагадување на различни локации во Куманово. Градоначалникот Максим Димитиревски изјави дека веќе една година работат на пилот проект со фирма, која монтираше поголем број на мобилни станици и мобилни мини станици на подрачје на општина Куманово на повеќе локации.

-Овие податоци беа објавени на општинскиот сајт и секој можеше да провери какво е загадувањето во тие делови од градот. Утврдивме дека таа опрема е задоволителна и ги регистрира дневните промени во воздухот, нивото на загадување на подрачјето на нашата општина, откако тоа ни се потврди и во пракса дека тоа функционира, распишавме постапка за набавка на таква опрема која е во тек, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Куманово веќе има една една мерна станица, која е дел од системот на Министерството за животна средина и просторно планирање, која е поставена на кумановската болница. Оваа мерна станица работи веќе десетина години.