Специјализирани контејнери за електронски отпад се поставени пред неколку дена во централното градско подрачје на Штип, што значи дека од сега штипјани ќе можат да го рециклираат електронскиот отпад и истиот нема да се меша со комуналниот.
Комуналниот инспектор Борче Везенков вели дека се поставени 11 контејнери на повеќе фреквентни локации во центарот на градот, но дека во иднина планирани се уште неколку дополнителни.
Смета дека не е доволно само поставувањето на овие контејнери туку потребно е и да се работи на промена на свеста на граѓаните.
- Треба да водиме кампања и за едукација на граѓаните односно за едукација во основните училишта ша може исто така и во градинките, пдодава Везенков.
Сепак, праксата покажува дека граѓаните се уште одлагаат комунален отпад во посебно одбележаните садови за стакло, пластика и хартија, а сега и во контејнерите за електронски отпад.