Уште две недели за предлози на заслужни граѓани и правни лица за највисоката општинска награда во Струмица

До 23 ноември трае Конкурсот за доделување на традиционалната Годишна награда и Награда за животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.

Наградата се доделува како признание на правни и физички лица од општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на општина Струмица во Македонија и пошироко.

Повеќе информации за него може да се добијат на линкот.